На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за предлог Спогодба помеѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Северна Македонија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Србија и Република Северна Македонија
Овие услови треба да помогнат во градењето доверба помеѓу двете земји во однос на градењето на шемите за електронска идентификација кои ги користат, како и за меѓусебно признавање на средствата за електронска идентификација за безбедна електронска интеракција помеѓу граѓаните, претпријатијата и јавните органи со што ќе се зголеми ефикасноста на јавните и приватните електронски услуги, електронски деловни активности и електронското тргување.