Кампот на Треска ќе воскресне во викенд населба со хотел и спортско-рекреативен центар

1884

Владата на денешната редовна 147. седница, ја разгледа и усвои Информацијата врз основа на која донесе одлука за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.

Со оваа одлука се овозможува Општина Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско-рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...