Инспекција ќе проверува како се применува употребата на јазиците

685

На денешната седница Владата го утврди Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците и донесе одлука да биде пуштен во постапка за усвојување во Собранието.

Законот за инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на Директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот.

Министерството за правда денеска на дневен ред го постави и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, а Владата го усвои и донесе одлука и тој да биде пуштен на усвојување во собраниска постапка.

Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите.

Владата денеска го усвои и Предлог-законот за медијација и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието.

Целта на Предлог Законот за медијација е приближување на земјата кон Европската унија, која пак во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив.

Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...