Од Фејсбук соопштија дека се согласиле да ја платат казната од пет милијарди долари во врска со скандалот околу компанијата Кембриџ аналитика.
Тоа е најголемата парична казна во светот поради недозволено користење лични податоци.
Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри начините за заштита на личните податоци. Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници. Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови.
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN