ВМРО-ДПМНЕ до премиерот: Лажна вест е дека Заев не знае кои се Кики и Фрики

863

Зоран Заев, синонимот за лаги и дезинформации, се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него. Денешната прес конференција е само уште една потврда дека слободата на говор во Македонија е загрозена, а медиумите се соочуваат со уцени, закани и цензура од власта, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес -конференцијата на премиерот Зоран Заев.

–  Ако сака да знае што се навистина „лажни вести“, еве ќе го потсетиме: Лажна вест и дезинформација е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики. Лажна вест  и дезинформација е дека Курто Дудуш не малтретирал и не навредувал сограѓанин. Лажна вест  и дезинформација е дека генералниот секретар на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра. Лажна вест и дезинформација е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за почеток на преговори, дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе го штити идентитетот и жицата македонска, дека Заев ќе обезбедел економски раст од 5-7% на годишно ниво, ќе го намалел бројот на министерства во владата. Јасно е дека планот на лажгото Зоран Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...