Не ја предложив јас Вилма Рускоска за шеф. Не ми се допаѓаше и мене Вилма Рускоска во едно време, пред едно 5-7-9 години, но кој ме прашува мене.
Вака одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање зошто ја предложил Рускоска за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција.
– Јас само кажав во моментов кој го води тоа обвинителство и има мандат.Обвинителите ги бира Советот на обвинители, нека си конкурираат таму – објасни Заев на денешната прес-конференција за акцискиот план на Владата за борба против дезинформациите.