Џесика Алба жали поради тетоважите кои ги има, а направила нови! ФОТО

- Имам неколку тетоважи и морам да прзинаам дека се каам поради една, всушност, две - признала 38-годишната актерка.

372

Актерката Џесика Алба многу се кае поради некои тетоважи кои ги направила во младоста.

– Имам неколку тетоважи и морам да прзинаам дека се каам поради една, всушност, две – признала 38-годишната актерка.

Едната тетоважа ја опишала како печат среде грбот, а другата која жали што ја направила е букет цвеќе истетовиран на вратот.

„Го имам од мојата 17. година и многу ме иритира. Одев неколкупати на ласерско остранување, но ништо не ми помогна – рекла актерката.

Иако се кае поради овие тетоважи, мајката на три деца се подложила на ново тетовирање и овојпат се одлучила за хороскопски знаци на своите три деца.

„Кога сте млади и имате 17 години, не размислувате дека тетоважата треба да имаат некое длабоко значење. Затоа сега на 38 години, ги истетовирав хороскопските знаци на моите деца, бидејќи тие се целиот мој живот – рекла актерката.

 

tportal

FOTO: Profimedia

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...