По вербалниот, а потоа и директен судир меѓу полицијата и демонстрантите пред Националниот тетар во Тирана, во кој повредено е едно лице, тие насилно влегоа во објектот.
Познатиот театарски актер и режисер Едмонд Будина упати апел до граѓаните да им помогнат на театарските уметници во „одбраната на албанската култура“
– Не може да се урне овој храм на културата. Ова е свето место. Нов театар нека се прави на друго место. Ве молам поддржете не бидејќи ова е и ваша вредност. Да ги заштитиме институциите од кражбата на олигарсите – порача режисерот Едмонд Будина.
Тој и се заблагодари на опозицијата за поддршката и упати обвинувања на адреса на Владата на премиерот Еди Рама.
– И велам благодарам на опозицијата за поддршката во оваа наша активност. Сега ние треба да ја урнеме фашистичката диктатура која ја окупира земјата. Опозицијата треба да биде на чело на ова движење и ние треба да ја ослободиме земјава од оваа криминална банда – рече Будина.
Актерите кои напорно се борат против уривање на театарот со солзи во очи изјавија дека со жив штит ќе го бранат ова огромно културно наследство.
Тие уште од изутрина се собраа пред објектот а потоа им се придружија гоголем број граѓани, како и претставници на опозициската Демократска партија заедно со лидерот Љуљзим Баша. Насобраните не дозволија полицијата да вади работи од тетарот, што пак е активност пред акцијата за негово уривање.
ФОТО: МИА