Откако неговата соработка со Ума Турман влезе во филмската историја, режисерот Квентин Тарантино за новиот филм „Беше еднаш во Холивуд“ ја ангажирал нејзината 21-годишна ќерка Маја Хоук, која на премиерата во Лос Анџелес блескала во костум и корсет, нагласувајќи ги деколтето и бујните гради.
И додека позирајќи го контролирала деколтето, кога дошло време за изјави на црвениот тепих, младата актерка сфатила дека пресилно стегнатиот корсет во комбинација со облините било лоша одлука.
И покрај овој моден гаф, Маја ја нарекуваат „модна икона на својата генерација“, а од своето актерско деби во 2017 година добила армија обожаватели, првенствено благодарение на улогата во серијата „Stranger Things“.
Во новиот филм на Тарантино ја има улогата на Детето на цвеќето.
– Тој е многу страстен кон филмовите, а на снимањето таа љубов се чувствува. Имавме чувство дека снимаме во седумдесетите, беше навистина прекрасно – рекла младата холивудска актерка на црвениот тепих.
FOTO: Skrinsot/Jutjub/Getty Images