Тоше конечно ќе има достојно вечно почивалиште

402

Во Министерството за култура денес радоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша договорот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески.

Од владата се доделени 10 милиони денари за овој проект, а градоначалникот Христоски извести дека веднаш почнува постапката за имплементација на проектот.-

– Веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долго ветуваното градење на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште – изјави градоначалникот на општина Крушево по потпишувањето на договорот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...