ВМРО-ДПМНЕ: Јанева да ги каже рекетарите

271

Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13. Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка? Катица Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Рекетот потекнува директно од СДСМ и Катица Јанева ги кријат сите овие луѓе само за да не се дознае вистината за рекетарите од врвот на СДСМ. Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО. Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13-ка кој што можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев. Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите заедно да одговараат, заедно со нејзе и со Зоран Заев односно со поддршката од СДСМ. – рече Арсовски.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...