Бускетс: Ова ми е најтешкиот пораз во кариерата

- Рома заслужено оди понатаму, а за мене ова е најтешкиот пораз - уште еднаш нагласи Бускетс.

277

Огромно е разочарувањето кај фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а меѓу оние кој намногу ги боли тешкиот пораз (3:0) е Серхио Бускетс.

– Ова е најголем пораз во мојата кариера. Ја загубивме Лигата на шампионите, тие го искористија полниот стадион, создадоа вистински шанси, а ние изгледавме многу лошо. Рома заслужено оди понатаму, а за мене ова е најтешкиот пораз – уште еднаш нагласи Бускетс.

Каталонскиот тим последен пат трофеј во ЛШ освои во 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...