Ова бебе сум јас, а околу мене се иглите на мајка ми: Тинеџерка објави шокантен семеен албум! ФОТО

„Да, тоа се игли на даската од прозорецот и да, така ни изгледаше целата куќа“, напишала таа.

9666

Тинејџерка (17) од Ајдахо објавила минатата недела шокантен „семеен албум“ на „Редит“ и ги опишала деталите од периодот на растењето покрај мајката зависничка и четирите браќа и сестри.

„Ова сум јас на 18 месеци“, напишала покрај фотографијата со бебето кое лежи во соба полна со расфрлани предмети, во која на даската од прозорецот, ако подобро се погледне, може да се види и прибор за дрогирање.

„Да, тоа се игли на даската од прозорецот и да, така ни изгледаше целата куќа“, напишала таа.

На втората и третата фотографија се нејзините сестри, кои тогаш имале две или три години, како си играат и одат меѓу куп облека и отпадок и се качуваат на валканиот кревет, а третата фотографија ја покажува семејната кујна, со ормани полни со лекови и со отпадок по подот.

Девојката објаснила дека фотографиите ги снимил нејзиниот тогаш 16-годишен брат, кој свесно ја забележал вистинската состојба и условите во тогашниот дом. Фотографиите потоа ѝ ги покажал на учителката која се јавила во Службата за заштита на децата, па децата биле одведени од мајката. Тогаш сите деца биле сместени во вдомувачки семејства, а ова девојче било посвоено кога наполнило девет години.

Овој пост ги шокираше сите на „Редит“, коментираа илјадници луѓе, а приказната ја пренесе „Дејли мејл“.

Некој искоментирал под фотографијата на која девојчето е бебе, и рекол дека „не изгледа како да има 18 месеци, туку како да е многу помладо“.

Девојката објаснила дека таа и нејзините браќа и сестри биле мошне нехранети и неразвиени, деклумно поради тоа што мајката во текот на сите бременоста пушела, се дрогирала и пиела алкохол, а делумно бидејќи семејството тогаш преживувало и се хранело благодарејќи на боновите за храна.

Нејзините родители се починати. Татко ѝ не бил зависник, а мајка ѝ со зависноста се борела до последниот ден.

Beba, narkomani

Beba, narkomani

Beba, narkomani

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...