Пратеникот Александар Кирацовски го прифати јавното извинување од бизнисменот Зоран Азманов за лажно информирање и клеветење. Кирацовски на Фејсбук напиша дека по укажувањето и најавата за тужба за лажното информирање на јавноста и негово клеветење, Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест.
– Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество. Сепак ова е светол пример на доблесно извинување. И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!, напиша Кирацоски.
Азманов претходно за „Доказм“изјави:
– Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс. .