Повредени 25 туристи во автобуска несреќа во Анталија

234

Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел.

Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници се пренесени во болници во Кемер и Кумлуча.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...