Холивудските ѕвезди Селма Хаек и Овен Вилсон вчера продолжиле со снимање на филмот „Bliss“.
Претходно истиот ден, тие биле снимени на сплитската Рива, а Селма го привлекла вниманието на двете локации облечена во бел фустан, додека Овен носел беж костум.
За време на паузата за ручек, ѕвездите ја посетиле таверната на Фетиви, а пред да влезат ги дочекале фоторепортерите. Актерите биле насмеани и опуштени.
Сопствениците на таверната го овековечиле престојот на двете холивудски ѕвезди со фотографија снимена во самиот ресторан, па ја објавиле на Фејсбук.
Инаку, за ручекот, Селма облекла изразено тесна маица со длабоко деколте, во која дошле до израз нејзините бујни гради, во комбинација со бело здолниште.
Селма и Овен веќе неколку дена престојуваат во Сплит, поради снимањето на филмот. Сетот, наводно, денеска се сели во Дубровни, но не е потврдено дали со него ќе се преселат холивудските ѕвезди.
FOTO: Duje Klarić / Cropix/ Jutarnji.hr
FOTO: Ivo Cagalj/PIXSELL