Тинејџерка загина откако излезе од автобус во движење во Турција (ВИДЕО)

1257

Во турскиот град Гебзе на 16 јули се случила несреќа во која загинала 18-годишната патничка Гунај Асар.

Имено, возачот на автобусот ја отворил вратата, иако автобусот не застанал целосно на станицата каде Асар тргнала да излегува.

Не е јасно зошто девојката непромислено почнала да излегува од автобусот, кој бил во движење.

Откако застанала на бетонот паднала под автобусот, кој преминал преку неа и ги оставил запрепастени сите патници.

Возачот потоа излегол и со патниците се обиделе да помогнат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...