Азманов открива: Кирацовски контролирал портал кој пишувал невистини за бизнисменот

8223

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за Инфомакс раскажува како бил рекетиран од Бојан Јовановски Боки 13.

– Не се секирај, имам докази, зад мене стојат СЈО и Финансова полиција. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок. Ние го плаќаме СЈО. Тоа што се случуваше во 1 ТВ не е за леб, туку за преку леб погача. Зошто се забрани да не се претресе станот на Јанева? – прашува тој.

– Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини, но уредникот ми рече не можам ништо да избришам додека не ми каже Кирацовски! Замислете! – вели Азманов во интервјуто.

По објавата на интервјуто со Азманов сопственикот на порталот Доказ негираше дека Кирацовски ги контролирал содржините на неговиот портал и најави тужба за тие што така тврдат.

Бизнисменот вели дека не е тајна оти е сниман од 2008-2009 до ден денеска.

Тој тврди дека објавите против него на 1ТВ биле платени од негова конкуренција.

– Боки 13 не можел да изрекетира ниту едно центче од било кого ако зад него не стоеле поединци од институциите на власта кои треба да го бркаат таквиот криминал и луѓе на високи позиции во власта – додава Азманов.

Тој открива и дека му биле нудени бизниси и за „Скопје 2014“, но не ги прифатил.

Целото интервју може да се види на следниот линк.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...