Владата го прати законот за Јавното обвинителство во Собрание со европско знаме и во скратена постапка

782

Владата на денешната 146-та седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев, го усвои новиот текст на Предлог – законот за Јавното обвинителство и го испрати на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

Министерството за правда предложи, а Владата денеска прифати во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители заради терминолошко усогласување со Предлог Законот за Јавно обвинителство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...