Дублерот на актерот Вин Дизел од серијалот „Брзи и бесни“ е тешко повреден откако паднал на глава од висина од 10 метри. Каскадерот бил итно однесен во Кралската болница во Лондон.
Вин Дизел бил сведок на инцидентот и многу се потресол. Каскадерот паднал од балконот кога снимал тензична сцена од филмот, иако имал сигурносно јаже.
– Човекот требаше да скокне од балконот, потоа да се фати за јажето под него и да се спушти на земја. Тоа не се случи поради проблемот со јажето – велат очевидци.
Снимањето на филмот е прекинато за еден ден.
Најновиот филм во серијата, во кој ќе глумат Мишел Родригез, Шарлиз Терон и Џон Сена, ќе биде прикажан во кината во 2020 година.