Шумски пожар изби во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради шумскиот пожар во Рафина, грчката полиција затвори дел од булеварот и побара од граѓаните да ги следат упатствата на сообраќајната полиција.
Апел до граѓаните да ги следат упатствата на надлежните органи поради нивна лична безбедност, но и за олеснување на гаснењето на пожарот упатија и од Противпожарната служба на Грција.
Од Противпожарната служба на Грција, соопштуваат дека во гаснењето на пожарот учествуваат 47 пожарникари со 20 возила, два пешадиски тимови, два специјални тимови, два авионa и три хеликоптери.
Генералниот секретар за цивилна заштита итно заминал за Рафина.
Паралелно активен е уште еден шумски пожар исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила, еден авион и еден хеликоптер.