Нов бран шверц со мигранти, 61 мигрант вчера фатени кога се симнале од камион

209

Шеесет и еден мигрант се откриени вчера околу 19.20 часот на автопатот Неготино-Скопје, во близина на надвозникот Виничани, кога од запрено товарно возило со скопски регистарски ознаки се симнале повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото и во возилото пронашле 61 мигрант (од Пакистан 45, од Авганистан девет, од Бангладеш шест и еден од Индија). За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и во Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...