Калеска-Ванчева: Логично е Русковска да биде на чело на новото обвинителство

452

Денеска до Собраниетосе доставува Предлог законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата. Со новото законско решение Специјалното јавно обвинителство станува дел од новотo Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство кој што беше прифатен, рече пратеничката од СДСМ  Снежана Калеска-Ванчева на прес конференција.

– Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните. Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција. Затоа очекуваме сите пратеници, а особено колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат ова законско решение. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство – изјави Калеска-Ванчева.

Таа обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваа дијалог за компромис за Законот за јавно обвинителство кој ќе обезбеди СЈО како структура да ја продолжи својата работа, а случаите во нивна надлежност да бидат до крај расчистени во фер судска постапка.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...