Четириесет и едногодишна жена била убиена со повеќе убоди од нож во Санкт Петербург. Властите не го кажале нејзиниот идентитет.
Активисти и медиуми во градот ја идентификувале како Јелена Григорјева, активистка која добивала закани поради протестите за ЛГБТ права и опозициски причини.
– Активистката за демократски, анти-воени и ЛГБТ движења Јелена Григорјева беше брутално убиена близу до нејзината куќа – напишал Динар Идрисов на Фејсбук.
Според него, таа пријавила закани за насилство во полиција, но не било преземено ништо.
Името на Григорјева било на листата на ЛГБТ активисти објавено од скорашно блокирана руска страница, која повикувала лица да им се одмаздат.
Овие денови, лица во ЛГБТ ресурсен центар во Екатеринбург кажале дека добиле заканувачко писмо, потпишано со „ликвидатор на хомосексуалци“, предупредувајќи ги дека ако не го затворат центарот, „нешто многу лошо и многу тажно“ ќе се случи.
На фотографии може да се види Григорјева последните месеци од нејзиниот живот како држи плакати на кои пишува „Русија од која луѓето нема да се плашат, ами ќе бидат инспирирани“, „Во Русија има повеќе од 5 милиони геј лица. Поради назадност и омраза, тие треба да живеат тајно“.
Идрисов рекол дека жртвата била толку исплашена, што му се обраила на пријател и го замолила да го чува нејзиното маче, во случај нешто лошо да ѝ се случи.
Според онлајн порталот Фонтанка, таа била најдена со повреди од нож на грбот и лицето и се чини дека била задавена. Наводно, осомничен бил приведен.
ФОТО: Dinar Idrisov/Facebook