Сузане Шутц: Меркел е посветена на европскиот пат на Албанија и Северна Македонија

134
ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR--POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел е целосно посветена на процесот на пристапување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, изјави амбасадорката на Германија во Тирана, Сузане Шутц на средба со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Руци.

Таа притоа нагласи дека и во наредниот период Германија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Албанија и Северна Македонија.

– Среќна сум што работев на ова извонредно место со перспективна иднина. Германија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Албанија и Северна Македонија, а и канцеларката Меркел е целосно посветена на тој процес – истакна Шутц.

ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR–POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...