Познатата српска мисица Дијана Милојковиќ почина на 33-годишна возраст по долга борба со тешката болест. Се бореше како лавица и ги мотивираше другите жени да гледаат на ракот на грлото на матката како на животно искуство, а не како на конечна пресуда.
Како што се наведува, нејзиниот брат Милош Милојковиќ се огласи на Инстаграм и со тажен статус ја потврди оваа информација.
„Почивај во мир, сестро“, напиша тој.
Инаку, Дијана долго се бореше со опасната болест, а пред повеќе од еден месец во српската јавност одекна веста дека итно и е потребна крв. Дијана со својот однос кон борбата со ракот инспирираше многу луѓе да и се восхитуваат и да се истраат во борбата со ракот.
Нејзината кариера ја обележи победата на изборот за Мис на Србија во 2009 година. На натпреварот во Бејрут 2014 година, станала и Мис на Европа како и Мис на спортот, па продолжила да работи како модел.
На 27-годишна возраст, убавата Дијана дознала дека боледува од инфазивен облик на рак на грлото на матката, па тогаш почнала и нејзината борба за живот, а во меѓувреме отворила и блог, на кој давала совети и ги прераскажувала своите искуства.
– Никогаш не ни помислував дека тоа може да ми се случи. Отидов кај гинеколог бидејќи ми доцнеше циклусот. Тестовите покажаа дека имам карцином. Немав никакви проблеми пред тоа. Сегашните резултати се подобри од претходните. Се надевам дека ќе бидат уште подобри на крајот на ноември, кога ќе одам на контрола – рекла Дијана Милојковиќ за „Блиц“.
FOTO: Printskrin