Едно лице било убиено, а друго е полесно повредено при пукање синоќа во Белград, соопштила Брзата помош, пренесува „Курир.рс“.
Непозната личност на скутер пукала повеќе пати во 28-годишниот Стефан Т. кој им подлегнал на повредите.
Како неофицијално дознава медиумот, мотивот за убиството се чини дека е поврзан со наркотици.
Убиениот седел на совозачкото место, додека друго машко лице веднаш по пукањето се обидел да го однесе во Ургентен центар. Меѓутоа доживеал сообраќајна несреќа, па на тоа место во 00.32 часот дошла Брзата помош.