Американскиот државен секретар Мајк Помпео го демантираше Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени на смрт.
– Иранскиот режим има долга традиција на лажење – кратко изјави Помпео за телевизијата „Фокс њуз“.
Претходно, иранската државна телевизија објави дека во земјата се уапсени 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и некои од нив се осудени на смртна казна.
Министерството за разунавачки работи соопшти дека разбило шпионска мрежа на ЦИА и оти се уапсени 17 агенти.
Светските агенции, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, јавуваат дека некои од уапсените се осудени на смртна казна.
Photo: EPA-EFE / JIM LO SCALZO