Над 300 загинати во поплавите во Азија

48
ФОТО: EPA / AMIRUDDIN MUGHAL

Бројот на загинати во поплавите во Индија, Непал и Бангладеш се зголеми денеска на повеќе од 300 лица, иако нивото на водата почна да се намалува во некои од најтешко погодените подрачја.

Поројните дождови и надојдените реки поплавија огромни делови од источна Индија пред повеќе од една недела, а официјални претставници денеска соопштија дека досега 102 лица загинале во Бихар.

Во последните две недели во поплавите во Бангладеш загинаа над 47 луѓе, а најмалку 120 се водат како исчезнати, за кои се стравува дека ги загубиле своите животи по поројните дождови и лизгање на земјиштето главно во планинските делови на Непал, соопштија властите од двете земји.

Делови на Пакистан се, исто така, поплавени. Во Бангладеш најмалку 700.000 луѓе се раселени.

Смртните случаи по поплавите во регионот се повеќе од двојно зголемени во последните пет дена.

ФОТО: EPA / AMIRUDDIN MUGHAL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...