Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерството за правда за МИА.
Посочуваат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.
– Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање – истакнуваат од Министерството за правда.