Индија успешно лансираше ракета на Месечината

140
ФОТО: МИА

Индија денеска успешно ја лансираше својата втора мисија на Месечината, откако пред една недела го прекина лансирањето на леталото поради технички проблеми.

Ракетата Чандрајан 2 е лансирана денеска од вселенската станица Шрихарикоте, а се вршел и телевизиски пренос.

Индија очекува дека нејзината мисија, вредна 150 милиони долари, ќе биде прва која ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Мисијата ќе биде фокусирана на месечевата површина, барање вода и минерали и мерење на месечевите потреси.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...