Ел Чека објави „бомба“ како Насер Селмани фаќа врски кај Илија Димовски и Јанкулоска за декриминализација на клеветата

11596

Кичевецот А.Ш алијас Ел Чека кој подолго време објавува „бомби“ на Фејсбук против функционери на ДУИ, постираше нелегално прислушуван разговор помеѓу Илија Димовски, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, а во врска со барање на Насер Селмани, поранешен претседател на македонското новинарско здружение за преговрите на ЗНМ и поранешната Влада за декриминализација на клеветата и навредата во 2012 година.

Станува збор за период кога ЗНМ водеше тешка битка за декриминализација на клеветата и навредата, а во Кривичниот суд во Скопје имаше повеќе од 300 тужби против новинари. Телефонскиот разговор што го објави Ел Чека, датира од времето кога беше откочен замрзнатиот дијалог помеѓу Владата и ЗНМ за декриминализација на клеветата и навредата, откако тогашната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи преживеа жешки критики дека повеќе од два месеца одбива да закаже средба со ЗНМ и со синдикатот на новинарите (ССНМ). Во текот на 2012 година новинарите во рамки на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета извојуваа целосна декриминализација на делата за кои претходно се бараше кривична одговорност.

Поранешниот претседател на ЗНМ Насер Селмани одби да ја коменира „бомбата“ на Ел Чека, но сепак на кратко потсети на придобивките што ги остварија новинарите по тешките преговори со Владата, а после кои беа повлечени дури 360 тужби против новинари.

– Нема што да коментирам, тоа што го баравме и го добивме, се има во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Кој сака може да провери – вели Насер Селмани, поранешниот претседател на ЗНМ.

Во прислушуваниот телефонски разговор пратеникот Илија Димовски, откако на Јанкулоска  ѝ ги пренесува комплиментите од Насер Селмани, тогашниот претседател на ЗНМ ѝ вели:

– Тој е уплашен од динамиката и бара да му кажеме што може да бараaт, а што да не бараат, на што да притискаат, а на што да не притискаат – ѝ објаснува Димовски на Јанкулоска.

Министерката го прифаќа барањето, и вели дека Насер Семани е „разумен човек“ и дека не треба да се компромитира, зошто ако го изгубат ЗНМ ќе немаат партнер во преговорите, а Димовски потсетува дека ако избега ЗНМ ќе следува негативен изештај за земјата од ЕК. И двајцата се согасуваат дека освен што треба да направат отстапки (да дадеме што бараат) треба за возврат и да добијат нешто.

Јанкулоска во овој таен договор, дури и предлага концепт што да бара Селмани во име на ЗНМ, а кој би го подготвиле пратеникот Илија Димовски, поранешниот министер Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, тогаш шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Што содржел концептот на Јанкулоска за црвената линија во барањата на ЗНМ не е познато, но факт е дека новинарите извојуваа целосна декриминализација, а Владата на Груевски таа година доби позитивен извештај во делот на медумските слободи. Тогашниот еврокомесар за проширување Штефан Филе го поздрави отстранувањето на клеветата и навредата од Кривичниот законик и констатира дека е постигната клучната цел во Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу ЕК и тогашната македонска влада и дека е испорачана амбициозна реформа.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...