Осуден Србин, брутално се изживувал врз девојка, ја давел, ја тепал, гасел цигари од неа

547

Триесет и седумгодишник од Нови Сад е осуден на година и пол робија бидејќи својата девојка ја давел со новогодишни сијалички, гасел цигари од нејзиното тело, ја тепал, се заканувал дека ќе ја убие. Покрај затворот, нему му е изречена и забрана за приоѓање на жртвата, како и лечење од алкохолизам, пренесува „Курир.рс“.

Во март 2018 година, осудениот и жртвата се запознале и тој ѝ понудил да почне да работи за него во еден бутик. Не поминало многу време, тие двајца почнале да живеат заедно и тогаш за девојката почнал пеколот.

– По неколку дена од заедничкиот живот во Нови Сад, тој пијан се вратил дома од кафеана и почнал да ја малтретира. Не ѝ дозволувал да спие, ја плукал и го истурил пивото врз неа, ѝ велел оти е ку*ва. Се заканувал дека ќе спие со нејзината мајка ако се обиде да го остави. Девојката собрала храброст и побегнала, но тој брзо ја нашол и ја наговорил да му се врати. Се правдал оти бил пијан и дека никогаш повеќе нема да се однесува на тој начин – било наведено во судот.

Сепак, неговото каење не траело долго, па повторно започнал со мачењето.

– Насилникот повторно дошол пијан и веднаш ја претепал. За да ја спречи да вресне и да бара помош, во устата ѝ ставил пешкир. Потоа ја давел со новогодишни сијалички, ѝ ја расцепил облеката, го заклучил станот и си легнал. Кога девојката се обидела да побегне, тој ја фатил и се заканил дека ќе ја убие, а потоа ќе си пресуди и себеси – рекол извор од судот.

Во 2019 година се преселиле, но ѕверското малтретирање продолжило.

За среќа, девојката во почетокот на март оваа година успеала да побегне и да се засолне кај своето демејство во Белград. Насилникот ја барал и ја нашол, па ѝ пратил неколку пораки на мобилен во кој рекол дека ако не се видат, ќе ги запали и нејзе и нејзиното семејство.

Бидејќи таа не одговорила на пораките, тој се појавил пред нејзината зграда. Исплашена, девојката излегла надвор и му однела сендвичи. Тој ѝ рекол да си ги земе работите и да се вратат во Нови Сад. Таа се согласила кога насилникот ѝ се заканил со смрт. Потоа отишла по своите работи, но штом влегла во станот, се јавила во полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...