Почина генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано

87
ФОТО: МИА

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано денеска почина на 72-годишна возраст, соопшти прес службата на организацијата.

„Секретаријатот на МААЕ со жалење ја информира јавноста за смртта на генералниот директор Јукио Амано“, се наведува во соопштението.

Јукио Амано е роден в Југавара, во јапонската префектура Канагава, на 9 мај 1947 година. Завршил правен факултет на Токискиот универзитет, по што во 1972 година се вработил во Министерството за надворешни работи.

Негова специјализација биле разоружувањето и неширењето на нуклеарното оружје. Во 1973-1974 година го посетувал и Универзитетот во Франш-Конте, а во 1974-1975 година и Универзитетот во Ница.

Во јапонското МНР работел на различни високи позиции. Од 2005 година беше јапонски амбасадор во МААЕ, а на 1 декември 2009 година беше избран за генерален директор на МААЕ, организацијата која ја предводеше се до смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...