Водител тврди дека син му е реинкарнација на принцезата Дијана, ноќе доаѓаат духови по него! ФОТО+ВИДЕО

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга Лиса тестирале колку детето знае за принцезата и дека биле шокирани од количината на детали кои ги знае за нејзиниот живот.

443

Австралискиот ТВ-водител Дејвид Кембел последните денови ги полни насловните страни откако открил дека неговиот четиригодишен син верува дека е реинкарнација на покојната принцеза Дијана, која загинала во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, кога имала 36 години.

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга Лиса тестирале колку детето знае за принцезата и дека биле шокирани од количината на детали кои ги знае за нејзиниот живот.

Меѓу другото, му покажувале фотографии од различни дворци и го прашувале „кој од нив е дворецот Балморал?“. Детето притоа го покажало вистинскиот, шкотски дворец, во кој принцезата Дијана и остатокот од семејството престојувале.

Тоа што е пострашно е фактот дека детето упорно повторува дека навечер по него доаѓаат духови и го земаат.

Били не спиеше добро кога беше помал, а кога Лиса влегуваше во собата и го прашуваше зошто, тој одговараше: „Затоа што доаѓаат и ме земаат“. Покажуваше на кровот и додавал „но, ме враќаат до утро““, рекол таткото кој освен Били има уште две деца.

– Сè започна кога некој на мојата сопруга ` даде картичка со фотографија од леди Ди. Били тогаш имаше две години и покажа на картата. Кажа: „Види, тоа сум јас кога бев принцеза“ – рекол Дејвид.

Потоа повторно ги шокирал родителите кога детално го опишал дворецот Балморал и зборувал за пријателите кои таму го посетувале. Не им е јасно од каде му е толкавото знаење за кралското семејство, со оглед на тоа дека тие на таа тема во домот речиси и да не разговараат.

Верувањето во реинкарнацијата започнало пред околу 3.000 години. Луѓето од различни култури како Индија, Кина, Тајланд и Јапонија веруваат дека сите сме проживеале неколку минати животи, некои се сеќаваат на тоа, а повеќето не. Се верува дека душата во моментот на смртта го напушта телото и влегува во ново.

Постојат луѓе кои тврделе дека се сеќаваат на своите минати животи, но во главно тие сеќавање им се јавувале додека биле деца.

 

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...