Анџелина Џоли вљубена во телохранителот, неговата девојка влетала на снимањето!

Изворот тврди дека ги видела и неговата девојка после што следувал комплетен хаос.

1993

Tаа постигна договор со неговиот поранешен сопруга, Бред Пит, околу старателство врз децата па актерката Анџелина Џоли се чини дека се опуштила доволно за една романса. Барем така пишува американскиот таблоид „Енквајер“, кој во својот текст тврди дека Џоли се вљубила во еден од телохранителите и дека не се одвојува од него.

Режисерот на филмот за гореспоменатиот таблоид опишал дека Џоли се „залепила“ за телохранителот и дека се однесувала како вљубена тинејџерка. Тој тврди дека ги видела и неговата девојка после што следувал комплетен хаос.

– Нивото на тензија помеѓу Анџелина, телохранителот и неговата девојка беше лудо! Сите на сетот беа вознемирени. Девојката само се појави ненадејно и ги набљудуваше Енџи и телохранителот. Но, кој не би? Енџи флертува! – рекол камерманот, чии наводи ги негирал „Бизнис тајмс“.

– Сите овие приказни се лажни. Џоли првенствено сака да се фокусира на својата кариера, како и на своите шест деца – изјави нивниот извор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...