Шеталиштето во Охрид е покриено со вода. Нивото на Охридското Езеро, според последните информации, е на 694 метри надморска височина, што е 27 сантиметри над максимално дозволената кота.
Со тоа што на испустот на Охридското Езеро во Црн Дрим кај Струга деновиве е отворен на максимум, не се постигнува саканиот ефект. Не помага ниту тоа што во Црн Дрим од неодамна е пренасочен дел од реката Сатеска за да се спречи зголемување натамошен раст на нивото на езерото.
Дотокот на вода, сѐ уште е поголем од истекот, додека најавите за стабилно и топло време, со дневни температури повисоки од дваесеттиот степен Целзиусов, можат дополнително да ја усложнат ситуацијата ако дојде до брзо топење на снегот на Галичица и Петринска планина.
Високиот водостој присутен во подолго време, го зголеми нивото на подземните води во почвениот дел, така што многу подрумски простории се под вода.
Надлежните уверуваат дека засега е стабилна состојбата по течението на реката Црн Дрим која исто така бележи восок водостој.
Фотографиите се направени вечерва на охридското шеталиште.