Полицијата во Ниш поднела кривична пријава против 39-годишник, кој синоќа околу 23 часот нападнал 47-годишен познајник.
До нападот дошло, откако жртвата одбила да му позајми пари на пријателот.
– Напаѓачот побарал 100 српски динари од повредениот, а откако бил одбиен, го бркал со нож. Го стигнал и го избодел во грбот, но му нанел само полесни повреди – рекле лица запознати со случајот, пренесува „Курир.рс“.
Брзата помош се погрижила за повредениот човек и ја известила полицијата.