Во Загреб е уапсен третиот и последен маж кој полицијата го поврза со нападот на 77-годишен човек во Пула, соопшти полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.
Полицијата во Пула вчера околу 11.50 часот примила повик од болницата дека повреден е маж, а потоа било утврдено дека непознати лица по вербална расправија, физички го нападнале 77-годишникот.
Повредениот се здобил со тешки повреди, а полицијата успеала да ги уапси тројцата осомничени. Едниот бил уапсен во подрајчето на Пула, а другите двајца во подрачјето на Загреб.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб