Заев го запали Фејсбук: Во интервју за грчка телевизија изјави дека сме ја присвојувале туѓата историја ВИДЕО

10025

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени, но и за присвојување на, како што вели, туѓа историја како наша.

Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.



Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...