Русите ќе лансираат робот во вселената

177

Рускиот хуманоиден робот Федор ќе тргне на Меѓународната вселенска станица на 22-ри август, каде ќе мине една и пол недела, најавил денес генералниот директор на „Роскосмос”, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур.

Овој робот го носи името “Skybot F-850”.

Федор е создаден во соработка со „Android Techincs” и руската фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка од министестрвото за вонредни ситуации на Русија.

Рогозин рекол дека хуманоидниот робот во иднината ќе биде пратен и на месечината во рамките на подготовките з праќање на човечка мисија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...