Бојан Јовановски, осомничениот за рекет, од почетокот на оваа година користел обезбедување од МВР, тврди директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за „Код“.
– Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата „Инсајдер’“ – вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.
Ако МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа, што практично значи згаснување на телевизијата.
– Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа – додава Трајчевски.