Монструмот од селото Стојаково во Богданци, кој измачувал, а потоа живо запалил куче е пријавен во полиција, а Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето.
– Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара – велат од „Анима мунди“.
За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила.