Педесет дебели полицајци добиле наредба да држат диета

1329

На педесетмина индонезиски полицајци во провинцијата Источна Јава им е наредено да почнат со напорна програма за слабеење, бидејќи се премногу дебели и не можат да бидат ефикасни во својата работа, соопшти полицијата.

Службениците со вишок килограми две недели ќе трчаат, пливаат и ќе вежбаат аеробик во полициската школа во Мојокерт, истакна портпаролот на полицијата, Франс Барунг Мангера.

– Сакаме брзо да се движат додека ја извршуваат својата должност – изјави Мангера.

Тој нагласи дека тие ќе одат на психолошки советувања и ќе јадат посебни оброци кои ќе им ги подготват нутриционисти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...