Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се сретнал и разговарал со сите лидерите на поголемите политички партии, освен со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа досега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот – вели Пендаровски.