Вајда ќе го тренира Ѓоковиќ само за Монте Карло

Србинот тренира во шпанското одморалиште Марбела со Вајда, кој беше негов ментор во периодот 2006-2017 година.

300

Поранешниот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Монте Карло под водство на неговиот поранешен тренер Маријан Вајда. Во моментов, Србинот тренира во шпанското одморалиште Марбела со Вајда, кој беше негов ментор во периодот 2006-2017 година.

Сепак, Ноле не планира нова долгорочна соработка со Словакот.

На крајот на март, Ѓоковиќ ја прекина соработката со Андре Агаси и Радек Штепанек. Освојувачот на 12 Гренд слем турнири ги пропушти последните шест месеци од минатата сезона, а во почетокот на оваа година стигна до осминафиналето на АО 2018, каде беше запрен од Хон Чунг. Потоа сепак запиша два последователни порази од Таро Даниел и Беноа Пер на „Мастерсот“ во Индијан Велс и Мајами.

Во меѓувреме, стана јасно дека Доминик Тим ќе учествува во турнирот во Монте Карло, кој започнува на 14-ти април. 24-годишниот Австриец ќе пристигне во Монако во четврток. Тим беше надвор од терените повеќе од еден месец поради повреда на глуждот. Минатата година тој стигна до третото коло во Монте Карло, каде што загуби од белгискиот тенисер, Давид Гофен.

Оваа година, Тим триумфираше на турнирот во Буенос Аирес.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...