Црногорскиот министер за надворешни: СПЦ се плаши од губење на монополот

379

Црногорскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, изјави дека СПЦ „е пред се политички субјект во Црна Гора, па дури потоа верски“.

Во интервју за Гласот на Америка тој тврди дека Српската православна црква е против донесување на новиот Закон за верски слободи бидејќи „се плаши од губење на некои монополи во некои работи“.

Дармановиќ нагласи дека законот предвидува државата да одреди кои културни наследства на Црна Гора ќе бидат под државен имот, но користењето ќе остане исто и нема да има никакво беззаконие и присвојување на имот, што гарантираат одредбите од законот.

Шефот на црногорската дипломатија оцени дека примената на Законот за верски слободи нема посебно да влијае врз односите меѓу Црна Гора и Србија, доколку „нема дополнителни проблеми меѓу СПЦ и црногорската држава“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...