Поранешниот холивудски пар, Бред Пит (55) и Анџели Џоли (44) конечно се договорија околу старателството над децата откако претходно повеќе од две и пол години двете страни никако не можеа да најдат заеднички јазик.
Имаа бројни судски рочишта, а Бред во неколку наврати истакнуваше дека Анџелина го кочи процесот, иако токму таа го поднесе барањето за развод.
Со договорот кој конечно падна меѓу нив, актерката се согласила ова лето децата да бидат со нивниот татко на неговиот луксузен имот. Причината е што таа е зафатена со снимање на филм.
Извор близок на парот, за медиумите кажал оти Бред е пресреќен што ќе биде со децата затоа што и не ги гледал многу по разводот, а пресреќни биле и неговите родители.
Некогаш најпознатиот холивудски пар има шест деца кои се на возраст од 11 до 17 години.