Жителите од неколку улици во Ѓорче Петров утре ќе немаат вода

569

Поради реконструкција на водоводна цевка од фи 150 мм на ул. Кузман Шапкарев, утре без водоснабдување ќе бидат потрошувачите од истата улица како и улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев, сите во Општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот изутрина до заваршување на работите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...