Веднаш штом биде анализиран предлог-законот на Владата за јавно обвинителство ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн, велат од ВМРО-ДПМНЕ, но тие имаат сега, пак, имаат забелешки за Вилма Русковска.
– Во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично беше дел од таа селективна правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело односно сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев,Русковска и Кацарска ги обвинуваа и ги судеа. Така да тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива – рече портпаролот на партијата, Димче Арсовски.
На прашањето ако Русковска за нив не е прифатлива, тогаш кој е прифатлив, тој вели дека рано е да се разговара за тоа.
Инаку, премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција рече дека во новото Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, каде ќе се прелеат и ресурсите на СЈО, предлагаат на чело да остане Вилма Русковска која веќе има мандат. Секој нареден шеф, според предлог-законот на Власта, е да се бира со двотретинско мнозинство во Советот на јавни обвинители.